Пред четири години познатиот дизајнер на чевли Кристијан Лубутан ја претстави Nude колекцијата на салонки и подоцна балетанки во различни неутрални тонови кои одговараат на тенот на различни жени од различна раса, колекцијата сега се проширува на новите модели Christeriva и Cherrysandal – сандали со високи потпетици, од кои вториот модел е со платформи. Лубутан своевремено се изјасни дека „nude не е боја туку концепт“, и продолжи да креира чевли во повеќе тонови на кожа. Новите модели сандали чинат 875 и 895 долари.
Нема коментари