Мајли Сајрус не престанува да провоцира со своето однесување, но и со својот често контроверзен изглед. Како водителка на вчерашното доделување на MTV Video Music Awards, пејачката смени неколку комбинации. Откачени, се разбира. На црвениот килим се појави во модел од кутур-колекцијата на „Версаче“, кој повеќе открива отколку што поикрива, а подоцна на сцената ја видовме во луди костими, како проѕирен фустан со апликации кои личат на таблети, светкав комбинезон со ракави украсени со цветови и здолниште во облик на усни. За костимите на Мајли за овој настан се погрижи дизајнерот Џереми Скот.
Нема коментари