Модната куќа Масимо Дути ја претстави својата нова кампања за пролет-лето 2022 со приказната насловена Colour Gallery во која позира топ моделот Вивиен Ронер. Фотосесијата ја потпишува модниот фотограф Дарен Гвин, стајлингот е на Вероник Дидри, а подготвено е и видео кое го направија Хана Блутман и Флорент Кристман. Акцентот во колекцијата е на боите, некои интензивни, некои неутрални и смирени – тегет, флуоресцентно зелена, јагода-розова, портокалова, црвена, маслинесто зелена, беж и бела. Новите силуети се надградени со оригами набори, поплин и облека со големи димензии.
Нема коментари