Две девојки си поставиле интересна цел, да ги уловат сите аутфити од култната серија „Сексот и градот“ и да ги постираат на профилот на инстаграм @everyoutfitonsatc. Челси Фејрес и Лорен Гарони секојдневно објавуваат фотографи од Кери и нејзините пријателки Миранда,Саманта и Шарлот, а под нив даваат интересни и духовити коментари. Целта име да ги овековечат сите модни моменти од својата омилена серија на оваа социјална мрежа. Со оглед на тоа што важеше за една од модно најдобрите серии на сите времиња, со неколку илјади различни модни комбинации, се очекува долго да опстои овој профил.
Нема коментари