Раферти, синот на актерот Џуд Ло, и Присли, синот на супермоделката Синди Крафорд се појавија на ревија во Милано на која дизајнерскиот двоец Долче и Габана ја престави новата машка колекција за пролет-лето 2017. Раферти и Присли заедно со другите манекени носеа шарени и впечатливи креации наменети за милениумската генерација, како кошули и костуми со принт, златни сакоа, облека со леопардов мотив, маици со исшарани со летни мотиви, една модна какофонија презентирана на ревија пропратена со џез звуци.
Во публиката исто така се појавија неколку синови на познати татковци – подолго време внимание прилекува харизматичниот Габриел-Кејн Деј Луис, син на познатиот актер и трикратен оскаровец Даниел Деј Луис и француската актерка Изабел Аџани, кој на ревијата дојде во впечатлив сребрен костум. Во првиот ред седеше и Лукас, син на Мик Џегер и Бразилката Лусијана Морад, а гости на ревијата беа и Питер Марк Брент, син на Стефани Сејмур, Ливај Дилан, внук на Боб Дилан и Брендон Ли, син на Памела Андерсон и Томи Ли. (К.Т.)
Повеќе за децата на познатите во модата на овој ЛИНК.
Нема коментари