Kласичната машка кошула со сино-бели пругиизминативе години често е инспирација за женски креации. Фустани, наметки, палта, кошули-туники, јакни, панталони, здолништа и блузи изработени од материјал како кај кошулите и со тој тон, најдоа примена во секојдневниот изглед . Често ја гледаме во уличната мода. Лани доста се носеа фустаните и блузите со сино-бели пруги со разголени рамена. Оваа пролет, пак, ваквите модели добија и везени дезени.

Во новиот летен едиторијал на „Зара“ доминираат сино-белите пруги
Пет бренда, затапени и кај нас: Mango, Zara, Stradivarius, Pull &Bear и Bershka во своите колекции за пролет-лето 2017 престставија повеќе забавни модели со интересен дизајн изведени од навидум здодевното парче машка бизнис облека. Ви преставуваме дел од нивната понуда која почнува со најновиот едиторијал на „Зара“, продолжува со послената линија на “Страдивариус“, и сезонските топ-креации на „Манго“, „Бершка“, и Pull & Bear.

Новата линија на „Страдивариус“ донесе интересни фустани со сино-бели пруги

Кошули со цветен вез во колекцијата на „Страдивариус“

Од новата линија на „Манго“

„Манго“ понуди креации инспирирани од клсичната машка сино-бела кошула

Младешки варијации од овој тренд во колекцијата на Pull and Bear

Динамични дизајни од Pull and Bear

Практични женски и младешки решенија на Bershka

Од пролетната колекција на Bershka
Нема коментари