Американската супемоделка Синди Крафорд која што соработува со брендот за часовници „Омега“ повеќе од дваесет години, во последната кампања таа се појавува заедно со своето семејство, сопругот Ренди Гербер, синот Присли, и ќерката Каја која како и мајка си почна да се занимава со манекенство и сезонава се појави на повеќе ревии на клучните модни недели.
Викендов беше отркиена новата рекламна кампања со семејството на Крафорд фотографирана од страна на Питер Линдберг, а четворицата се појавија и на изложбата Her Time што часовничарскиот бренд „Омега“ ја оджа во познатиот Hôtel de Sully во Париз. Изложбата беше совршена прослава на историјата на легендарните женски часовници на брендот, и претставување на Синди, Ренди, Присли и Каја како нови амбасадори на „Омега“.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари