Педесет и едногодишната супермоделка Синди Крафорд вели дека негува калифорниски кежуал стил и открива дека никогаш не би облекла краток топ во видеопрашалникот на Vogue. Таа одговара на 73-те прашања на веќе востановената рубрика на американскиот магазин и меѓудругото открива како изгледа нејзината семејна куќа во Малибу. Во еден момент се појавува и ќерката Каја Гербер, за која Синди вели дека е манекенка која треба да се следи, како и синот Присли кој ѝ поставува прашање преку таблет.
Како една од оригиналните супермодели Синди вели дека омилена модна ревија во долгогодишната кариера ѝ е токму ревијата на Џани Версаче од 1991 година, кога таа заедно со Линда Евангелиста, Кристи Тарлингтон и Наоми Кембел ја одјавуваат ревијата на песната Freedom ’90 на Џорџ Клуни, момент кој се смета за зачеток на феноменот на супермодели. Синди во видеото раскажува за омилените фотосесии, која ѝ е имилената фотографија, што еден фотограф барал на една снимање (требало да стои на даска за сурфање додека носи високи потпетици и воедно да внимаа да не ја намокри косата)…
Синди во прашалникот на Vogue открива како се нашла во кревет со Џорџ Клуни, зошто Принс напишал песна за неа, како се негува, која ѝ е омилена храна, и уште многу повеќе што можеда видите во следново видео:
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари