Оригиналните супермодели сè уште изгледаат атрактивно и сè уште се ангажирани во фотосесии за познатите модни магазини, а е еве ја и 48-годишната Синди Крафорд на насловната страница на руското издание на Harpers’S Bazaar. Актуелна во 90-тите години, сега Синди се појавува во мартовскиот број на магазинот со фотографии на Ксави Гордо и моден едиторијал стилизиран од страна на Карла Велч. Додека на внатрешните страници позира во креации во црно-бели комбинации од пролетните колекции на познатите брендови, на насловната носи шарен модел од „Селин“.
Нема коментари