Со само 14 години Каја Гербер се најде на насловната страница на Vogue, заедно со својата мајка, супермоделката Синди Крафорд. Каја веќе се појави во неколку модни фотосесии и во кампања на Александар Ванг, сега тинејџерката е дел од главната сторија во априлскиот број на француски Vogue. „Ќерката на Синди Крафорд, Каја Гербер, е копија на својата мајка на таа возраст, која пак е оригиналната супермоделка од 90-тите“, смета Емануел Алт, главната уредничка на Vogue Paris. На насловната Синди и Каја носат исти кожни јакни од „Куреж“, а фотографијата е на Марио Тестино.
Нема коментари