Модниот бренд Simply Be кој е специјализиран за гардероба за девојки со облини и сè што спаѓа во доменот на plus size мода, сега промовира нова колекција наменета за летните музички фестивали. Рекламната кампања за колекцијата е именувана Bloggers Rocks, во неа учествуваат пет модни блогерки кои пишуваат за plus size мода, а кои ќе ве инспирираат за фестивалски стил преку долги фустани во бохо-стил, шарени маички, летни модели со принт, кожени јакни со реси, шорцеви од џинс, шапки, сандали и многу парчиња накит. Овие весели девојки покажуваат дека модата доаѓа во сите големини и дека постои модерна летна облека и за оние што носат поголеми конфекциски броеви.
Нема коментари