Десет македонски креативци – Флим, Руки, Индог, Design and Berries, Нина Симовска, „Омајгад“, Ем Елефантски, Мачка и Драш, предводени од модната дизајнерка Ирина Тошева во среда, 1 јули, со почеток во 20 часот во скоспкото кафуле „Ракија бар“ ќе промовираат дизајнерски торби во рамките на иницијативата „Силни торби за силни социјални промени“. Проектот го иницираше уличното списание Лице в лице“ по повод излегувањето на новиот 16-ти број, во чиј фокус се партнерствата, моќта на здружувањето и бенефитот што истото го носи за заедницата, општеството. Новиот производ СИЛНИ ТОРБИ, се направени од веќе употребени вреќи за гипсени материјали на компанијата „Кнауф“, а дизајнирани од модната дизајнерка Ирина Тошева во соработка со младинци од Дневен центар за деца на улица – Шуто Оризари кои поминаа низ обука за изработка на истите, ќе се продаваат на истиот начин како и списанието. Овој дел од проектот и соработката со креативните домашни дизајнери илустрираат партнерство, а со главна цел зајакнување и поддршка на маргинализираните групи. Вредните креативци на торбите од издржливите вреќи на „Кнауф“ ставија свој печат и стилски ги обликуваа на свој начин, а средствата од продажбата на уникатните торби, кои ќе се продаваат на аукција на самата промоција на „Лице в лице“, се наменети за Дневниот центар за деца на улица за кој до крајот на годината редовно ќе обезбедуваат храна Жито Лукс и Жито Центар.
Нема коментари