Актерката Кејт Босворт уште еднаш ја покажа својата стилска умешност со оваа успешна комбинација во која се појави на ревијата вна „Скјапарели“ на Париската недела на висока мода – едноставна бела кошула со брокатни панталони и богато украсен елек. Комплетот е дизајн на „Скјапарели, а Босворт го стилизирала со чевли од Роже Вивие, природна шминка и залижана фризура. „Една од работите што ми се допаѓа кај високата мода е комбинацијата на нешто игриво, необично и фантастично со нешто многу софистицирано, убаво и луксузно. „Скјапарели“ ги отелотворува сите тие работи“, смета актерката.
Нема коментари