Париската недела на висока мода секогаш привлеква исклучителна публика од модни професионалци и познати личности кои се појавуваат дотерани за овој престижен настан, а уличната мода во текот на тие денови е едно поинакво дефиле на стилски комбинации кои може да ве инспирираат за вашиот следен изглед. Модните уредници и ѕвездите на уличната мода во последно време во комбинирањето парчиња за ревиите на висока мода вметнаа една лежерност и ноншалантност, па затоа нивниот изглед е лесен за копирање и применлив и во нашиот стил – црвениот костим со килот-панталони и бела кошула на Оливија Палермо, капутот во интензивна боја брз фармерки и светкави салонки, лелеавиот вечерен фустан во комбинација со кожна јакна, волуменозното здолниште со принт во спој со црна ролка, и уште неколку стајлинзи, слободно можеме да ги прошетаме и по нашите улици. *Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари