Манекенките Емили ди Донато и Кејт Богучарскаја ги промовираат новите креации за сезоната пролет-лето 2014 на Оскар де ла Рента. Моделите се елегантни, урбани и женствени. Тие се истовремено романтични и кревки, но и шик и моќни со бизнис- тон. Ја следат линијата на телото, а се со инспирации влечени од 50-тите и 60-тите години. Доминираат пастелните тонови, но има и црно-бели парчиња. Украсени се со тантела, цветови, милеа, и со нагласен масивен накит и додатоци. Фотографиите ги сними Норман Џин Рој, а стајлингот е на Нашата Ројт.
Нема коментари