Откако се појави на светската сцена актерката Сиена Милер стана препознатлива по модниот стил кој се базира на бохо-мода, после одредена професионална пауза и поигрување со посмирени стилски комбинации, таа прави камбек со филмот „Изгубениот град З“, но им се враќа и на своите бохо-корени со овој изглед. Сиена на американската премиерат на филмот се појави облечена во мини фустан со многу нежни карнери, деликатен вез и во светло жолта нијанса, дел од пролетната колекција на париската модна куќа Chloé. Стајлингот го надополни со сатенски сандали и една од најактуелните чанти на сезоната – моделот Nile Minaudiere, исто така со потпис на Chloé. Овој тип на романтични фустани со бохо предзнак ќе бидат хит и следнава пролет-лето сезона.
Нема коментари