Додека траат големите намалувања во продавниците и трговските центри секогаш се поставува прашањето ‘Што да купите на попуст?’. Трендовски парчиња кои после шест месеци нема да се носат? Накит што нема да издржи повеќе од неколку месеци? Добрите познавачи препорачуваат да посегнете по базични парчиња и по облека и модни додатоци во кои вреди да се инвестира барем малку повеќе. Попустите на крајот од сезоната секому се привлечни, може да наидете на фантастични зделки, ама и да се изгубите во хаосот и толпата и да купите сосема непотребни работи.
Додека трае бранот на намаленија во домашните трговски центри, еве неколку блиц совети како да се организирате и што да купите:
-Додека траат големите попусти се создава голем метеж, особено во шпиц-периодот после работното време, затоа доколку сте во можност тргнете на купување рано наутро, кога се отвораат продавнците. Тогаш има најдобра роба, сè уште е организарана по рафтови, а и продавачите се во најдобро расположение.
-Тргенете на шопинг со план – што точно ви треба, кои продавници да ги посетите и колкав буџет имате на располагање. Размислете што ви е приоритетно и сконцентрирајте на она што навистина ви треба.
-Избегнувајте впечатливи трендовски парчиња. Може да си набавите некој модел што навистина ве фасцинирал во сезоната, па планирате да го износите во оној мал период до крај на сезоната, но имајте предвид дека преку една сезона од сега тоа парче можеби повеќе нема да биде во мода.
-Ако ги следите трендовите и веќе имате претстава што ќе се носи претстојната есен, може некои од стиловите ќе ги најдете и во летната гардероба што сега е на попуст. Фокусирајте се на тие парчиња.
-Купувајте квалитетни и базични парчиња што му пркосат на трендовите, како капут со едноставен крој и во неутрална боја, класична бела кошула, бежов мантил, кардиган од кашмир, мал црн фустан, добро скроено сако, структурирана чанта без украси, реси и тракатанци што ќе може да ја носите на работа… Можеби не се многу евтини дури и додека трае распродажбата, ама вреди да се купат бидејќи може да се носат и со години.
-Избегнувајте сезонски парчиња, летни фустани, сандали, шорцеви и слично. За есен и зима не ви се потребни, а за следното лето можеби ќе бидете во некое друго модно расположение и нема да сакате да ги носите „ланските“ облеки.
-Попустите се добра можност да купите многу работи за вашите деца, без да го ослабните домашниот буџет, како на пример патики, ранци и нова облека за првите есенски денови.
-Не купувајте импулсивно и не посегнувајте по секоја евтина работа што ќе ја фатите и што можеби нема ни да ви треба. Подобро купете едно квалитетно парче, отколку неколку евтини и со лош квалитет.
-Еве ште неколку модни парчиња кои се препорачливо да се купат на попуст – базична маица, долна облека, спортска облека и патики, часовници и луксузен накит.
-И секако, бидете подготвени на стресни ситуации, туркање, хаос, расфрлена и неорганизирана облека, нервозни продавачи и купувачи… Не ја влошувајте ситуацијата со кавги, не ја расфрлајте облеката дополнително, не ја фрлајте облеката на земја откако ќе ја пробате, а ако можете избегнувајте во гужвата да купувате семејно. Премногу членови на семејството пред рафтовите прават уште поголема гужва и создава нервоза кај другите купувачи.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари