Како во колоритна бајка, со раскошни цветни шари, геометриски принтови и со ретро дизајн се блузите што ги дизајнира познатат стилистка Масајо Киши. Овие свилени винтиџ модели се изработени од рециклиран материјал, со пантелка околу вратот и нагласени рамена. Тие се скроени за романтични и храбри девојки, кои сакаат, и знаат како да комбинираат различни принтови и впечатливи тоналитети. Но, и покрај малата креативна експлозија од тонови и шари, моделите имаат своевидна смирена носталгична нота…Неминовно во нив ќе се вљубите на прв поглед.
Киши, која ги креира моделите под своето дизајнерско алтер его Edeltrud Hofmann, за Vogue вели дека самата работа како стилист ја митивирала да ги создаде овие модели.
-Работата на стилистите е сè само не гламурозна. Тоа подразбира да трчате цел ден на неколку локации и речиси секогаш да сте во една иста облека, во мојот случај во иста копшула. И важно е пред сè да бидете облечени во нешто удобно. Сметав дека на жените им е потребна и малку посложена облека, а не само едноставни блузи. За изработка на линијата ги користев материјалите кои ми беа на дофат, парчињата што остануваа како вишок ги користев и составував нови дезени-вели таа.
Кошулите чинат од 625 па сè до 750 долари, а може да се нарачаат на интернет.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари