После неколкумесечно функционирање на својата онлајн продавница и брзо стилско препознавање на дизајните на скопските улици, домашниот streetwear бренд „Шизик на ризик“ (Sheezick na reezick) во центарот на Скопје ја отвори својата продавница. Сместена на Васил Главинов 10, во близина на „Кастом паб“ и Шпанската абмасада, во многу шизичка атмосфера изложени се дизајните на Сташа и Божо, тандемот зад брендот. Веќе ја знаеме првата колекција на маици, торби и дизајните од линијата посветена на Скопје, сега „Шизик на ризик“ понудата ја прошири со маици со нови дизајн решенија, dropshirt блузони со кратки ракави, дуксери и блузони, плетени капи, snapback капи, нови детски маици, брендирани шолји, а наскоро ќе има ранци, ташни и нови принтови аплицирани на креациите. Деновиве огромно внимание привлече лимитараната линија на дуксери и блузони на кои ги препознавме референците на НАСА, Бушава азбука, амбалажата на цигарите „Филтер“ и Камени Мост. Присуствуваме и на снимањето на новиот lookbook во кои се појавуваат младите шизици Александар, Емил и Миа, и набргу ќе ви ја претставиме комплетната фотосесија. По повод отворањето на SHZK продавницата има голем попуст на производите, а во овие празнични денови брендот нуди и многу поволни новогодишни пакети од неколку производи.
Нема коментари