Ултимативната задача на зимскиот шал е да ве згрее и заштити од студот, ветрот и снегот, но тој покрај тоа што е потреба и има практична функција, претставува моден детаљ кој проектира став и стил. За некои што носат марами и во лето, а не се зиморливи, дебелата марама и плетениот шал им е клучен моден додаток, и повеќе моден стил отколку практичност. Ама за оние што имаат потреба да се згреат овие модни детали се суштински дел од нивната зимска гардероба. Зимава долгиот шал го зема приматот во однос на ќебе-шалот кој го носевме последниве години.
Шалот како функционален и стилски додаток оваа сезона го препознаваме во неколку форми и го носиме на неколку начини – дебели плетени во пастелни нијанси за да ја разбијат зимската монотонија, трендовски карирани заврзани околу врат или наметнати над капутот, ултрадолги и во пруги, во една неутрална нијанса за модните минималисти, смели со лого како резултат на враќањето на логоманијата во модата. Ако неколку сезони беше актуено шалот да се носи под ременот, сега забележуваме дека трендесетерките практикуваат долги шалови наметнати преку едно рамо.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари