Македонката Душица Петит која што живее и работи како моден дизајнер во Париз, каде што го гради својот моден бренд SHALEVA, и покрај сите предизвици што ги носи ситуацијата со коронавирус, периодов беше мошне активна. Во ова време на криза Душица направи модна ревија, организира повеќе настани и во кампања за својот бренд SHALEVA го ангажира познатиот фудбалер и поранешен француски репрезентативец (Џибрил Сисе) DJIBRIL CISSÉ. Душица ни откри дека веќе се направени неколку фотосесии на Сисе во креации на SHALEVA, фотографиите ги потпишува Artur Rocha, а на Stylist имате можност да ја видите последната фотосесија.
Дизајнерката ни откри дека Џибрил Сисе во моментов работи како DJ во и надвор од Франција, голема пасија му се музиката и модата, а го видовме и како манекен на последната ревија на Жан Пол Готје.
Дизајнерката Душица ни пренесе дека модниот бизнис во Париз е повторно блокиран поради пандемијата на коронавирус, а ревиите и презентации на новите колекции се претежно во дигитална форма, исто како во месец март. Пред новата блокада, Душица во октомври својата последна колекција ја презентира на модна ревија во познатото кабаре Roxy, лоциранона легендарната париска авенија Шанзелизе. Ревијата беше во форма на спектакл, на која што познатиот танчер Juanito со неговиот бенд PancakesBro, три пати светски шампон во хип-хоп музика, направи кореографија на музика на Мајкл Џексон, на која што танчерите и манекенките ја претставија колекцијата. Фотографиите од ревијата ги направи Paul Tomasini.
DJIBRIL CISSÉ во кампања на SHALEVA
Од ревијата на SHALEVA во познатиот париски клуб Roxy
Нема коментари