Македонката Душица Шалева Петит која живее и работи како моден дизајнер во Париз, периодов беше актуелна со претставување машка колекција и реализирање неколку модни фотосесии, оваа најновата е кампања реализирана со заштитните лица на нејзиниот бренд Shaleva и која што самите ја снимија кај нив дома.
-Модниот бизнис во Париз е блокиран од 13 март поради епидемијата на коронавирус. Сите бутици се затворени, улиците празни – открива Душица за состојбата во Париз и приспособувањето кон новата реалност која подразбира алтернативни начини за промоција.
Во овој период на криза Shaleva ги ангазира нејзините три заштитни лица Бландин, Елса и Естел од кај нив дома да направат shooting кампања за промоцијата на креации на дизајнерката. Тие се фотографираат сами дома, во дворот, понекогаш и со помош на своите родители.
На некои од фотографиите моделите носат и заштитни маски.
-Во Франција маската стана задолжителна во јавниот транспорт и на работните места. Маската за заштита е следниот моден додаток во француската мода – вели Душица
Shaleva реализира колекција на модни додатоци – маски со нејзини цртани и принтани дизајни, кои што може да ги погледните на нејзиниот сајт www.shaleva.com
Brand: @shalevaparis
Models: @blandine557, @elsa.delaunay95, @the.ladyest, @bidou.alex18
Нема коментари