Македонката Душица Шалева Петит ја претстави својата прва машка колекција на ревија во Париз. Дизајнерката има завршено модни студии во Франција, веќе има реализирано неколку колекции во Париз под својот бренд Shaleva, како и една ревија на Моден викенд Скопје, а на 25 јануари во Париз ја прикажа машката колекција FREEDOM. Ревијата за оваа колекција се одржа во зградата на руската комерцијална федерација во 16-от кварт во Париз, а дизајнерката ни откри дека помеѓу манекените биле славниот Vincint Mcdoom, Sylvie Ortega Munos и актерот Marco Horanieh.
-Колекција што испраќа порака на слобода регрупира неколку француски ѕвезди во публиката. Раперот Yousssoupha, водителот Pascal le grand frère, реалити ѕвездата Gaelle Petit. Македонската флејтистка Богдана Бушевска ја отвори ревијата со симфонија на Шуман. За реализацијата на колекцијата соработував со писателката Ирина Кудесова, која што ми дозволи фрази од нејзиниот роман „Коклико“ да бидат испринтани на текстил. Кoлекцијата е комплетирана со животински принт и цветен дезен – ни изјави Душица од Париз.
Фото: Paul Tomasini
Нема коментари