Оваа есен се носат чизми инспирирани од каубојките, актуелни се моделите со животински принт, ќе продолжиме да ги носиме и војничките чизми, но еден модел сепак најмногу преовладува – набрани, до колена, со класична форма, со средно дебели потпетици. Овие чизми потсетуваат малку на стилот на 70-тите, а многу добро стојат со долги и бохо фустани со што се комплетира силуетата карактеристина за таа модна декада. Ќе ги комбинираме и со плисирани и миди здолништа, а со соодветни парчиња пригодни се и за на работа. *Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари