Модните и филмски ѕвезди Ешли и Мери Кејт Олсен, кои со години важат за едни од наголемите трендсетерки меѓу младите холивудски имиња, изненадија со колекција за средовечни жени за сезоната предесен 2014. Милионерките кои го разработуваат својот моден бренд The Row презентираа линија за дами од 40 до 70 години. За промотивната фотосесија ангажираа три возраснии манекенки кои беа актуелни во 80-тите и 90-тите години, Урсула Волис и Естер де Јонг, како и модната и икона која има повеќе од 60 години, Линда Родин.
Креациите се движат од крем, сива па сè до црна боја. Застапени се волуменозни капути, ролки, елеци, палта и панталони со крој позајмен од машката облека. Моделите во себе ја имаат софистицираноста што ја носат годините, но и елеганцијата – која е безвремена. Го носат момчешкиот изглед и борбен дух на Ени Хол (лик – оживеан на големото платно од Дајен Китон), како и наивноста, женственоста, ексцентричноста и урбаноста на Холи Голајтли (култната ролја што Одри Хепберн ја толкува во „Појадок кај Тифани“). Со оваа линија сестриие-близначки Олсен покажуваат модна созреаност и храброст.
Нема коментари