Сестрите близначки Ешли и Мери Кејт Олсен се дружеа со третата сестра, актерката Елизабет Олсен на отворањето на новиот бутик на нивниот бренд Elizabeth and James во Лос Анџелес. Бутикот е сместен во луксузниот трговски центар The Grove, а отворањето го прославија со забава во барот на кровот на култниот хотел Chateau Marmont. Близначките Олсен одамна ја напуштија актерската кариера и се посветија на модниот бизнис, па покрај овој бренд ја дизајнираат и полуксузната линија The Row. Брендот Elizabeth and James е именуван по сестра им Елизабет и нивниот брат Џејмс.
Нема коментари