Бела и Џиџи Хадид се едни од најбараните модели во моментоот, а сестрите настапија заедно на ревиите на Фенди и Макс Мара во рамките на Миланската модна недела. Бела ја отвори ревијата на „Фенди“, а двете носеа модели од новата колекција за пролет-лето 2017, која изобилува со транспарентни материјали, линии и цветни мотиви. Двете како и останатите манекенки на ревијата имаа впечатливи усни покриени со златни светки.
Сестрите претходно заедно се појавија и на ревијата на „Макс Мара“, на која беше прикажан спој на класика и тропска џунгла. Но, се случи еден инцидент по ревијата на Макс Мара, кога Бела и Џиџи излегуваа од салата во која се одржа настанот. Во еден момент Џиџи беше нападната од Украинецот Виталиј Сејдук, познат натрапник на црвениот килим и на славните личности, кој во еден момент одзади ја гушна манекенката и ја подигна во вис, по што таа се одбрани со лактите. Виталиј често прави вакви невкусни шеги, а Џиџи само одбрамбено реагираше на нападот.
Сејдрук кој претходно на сличен начин ги препаднал познатите Бред Пит, Вил Смит и Мадона, вели дека оваа постапка е протест против таблоизирањето на некогаш ценетиот Vogue. „Џиџи е прекрасна, но нејзе и на нејзината пријателна Кендал Џенер не им е местото во високата мода. Со ова сакам да ги охрабрам луѓето од модната индустрија на пистите, како и на насловната на Vogue, да ги донесат вистинските таленти, наместо девојките кои имаат јаки врски. Ова исто така е повик упатен кон Ана Винтур која Vogue го претвори во таблоид ставајќи ги Кардашијан и „сомнително познатите“ на насловната на некогаш ценетиот магазин“, изјави Сејдук за Hollywood Reporter.
Нема коментари