Џенифер Лоренс, Кејт Бланшет, Ејми Адамс, Лупита Нионго, Опра Винфри и Метју Меконахи се ѕвездите од шесте различни насловни што во февруари ќе ги објави магазинот W. Февруарското издание е посветено на филмот и најдобрите актерски изведби за минатата година, како своевидна увертира на овогодинешните „Оскари“. Фотографиите ги направи Јирген Телер, а покрај ѕвездите од насловните, тој ги фотографираше и Скарлет Јохансон, Оливија Вајлд, Џули Делпи и Аманда Сејфрид.
Нема коментари