Трендот на повеќе насловни страници за еден број го продолжува Vs. Magazine, кој за своето пролет-лето 2014 издание направи шест верзии. За секоја од насловните на магазниот, кој излегува двапати годишно, избрана е по една убава позната жена, од неколку генерации. Црно-бели потрети има од топ-моделите Кристи Тарлингтон, Хелена Кристенсен и Су Џу Парк, актерките Џулиен Мур, Емилија Кларк и Стејси Мартин.
Нема коментари