Како што ормарот со креации за есен-зима не може да се замисли без добар чифт фармерки, така и рафтовите со летна облека задолжително треба да имаат и по миниум еден добар модел на шорцеви, што лесно и брз може да го комбинирате во повеќе пригоди. Доколку драстично не ја менувате тежината, доволно ви е да изберете еден неутрален модел , без разлика дали е џинс, еднобојна ткаенина или парче со шара, и да ја носите повеќе години. Не е секогаш клучно да се купуваат трендовски модели, важно е како се комбинираат и носат. Оваа сезона можете да ги вратите старите кратки панталони и да ги освежите со неколку актуелни стајлинзи. Ви нудиме шест идеи како да ги носите шорцевите ова лето.
1. Во бохо-стил
Прв на листата е доста актуелниот бохо стил. Комбиниракте ги шорцевите со бела лежерна кошула, модел со етно-вез или пак со блуза со голи рамена. Оваа комбинација може да ја носите во урбана средина и на плажа.
2.Со кимоно
Влијанието на 70-тите години ги врати комбинаците со кимоно-наметка, која е иделна за со шорцеви. Овој спој често се сеќава на летните фестивали. Комбинирајте со римјанки и сандали со волнени топчиња во боја. А може да изберете и еднобојни патики или шарени еспадрили.
3. Елегантна варијанта
Шорцевите спаѓаат во парче облека што не влегува во кодексот на облекување за во канцеларија. Но за други поелегани настани, може да ги комбинирате со летно палто, долг елек, кошула или посвечена маица. Секако голем удел во комплетниот стајлинг имаат чевлите-па изберете или модел на висока потпетица или оксфортки или други елегамнтни ниски чевли.
4.Комплет со горен дел
Трендовските комплети на кратот топ со долен дел во иста боја или дезен, со што се дава впечаток дека носите комбинезон или фустан, може да се примени и при комбининирање на шорцевите. Доколку не се купени горниот и долниот дел во комплет, тогаш изедначете ги боите, целосно бела или целосно црна комбинација ви е најсигурна варијанта. Стајлингор разиграјте го со интересен ердан, шапка или впечатливи чевли.
5. Со кошула со долги ракави
За да им дадеете посмирен тон на шорцевите, ида може да ги носите во повеќе прилики, изберете копула со машки крој, или пак елегантен модел од свила или вискоза со ретро етно крој. Креацијата нека биде со долги ракави.
6. Шарен модел
Летото е пероод кога може да си дозволите имиџот да го освежите со некое шарено парче. Оваа година тао нека бидат шорцевите, Изберете модел со тропска или флорална шара, а може да се озлучите и за креација со пруги или геометриски принт. Тука се и ретро и фолкорните шари. Комбинирајате со еднобоен горен дел.
Нема коментари