Новата македонска играна серија „Преспав“ ќе почне да се емитува на 31 октомври (понеделник) на телевизија „Телма“. Серијата, која е “ во продукција на ОХО, ќе се прикажува секој ден, од понеделник до петок, во 20:40 часот. Во „Преспав“ учествува врвна актерска екипа која ја сочинуваат: Владо Јовановски, Јелена Јованова, Тијана Дапчевиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Васил Зафирчев, Горан Стојановски и Адриан Азири.
Серијата ја прикажува семејната приказна на браќата Бузалевски, кои отвораат пансион во преспанскиот регион, благодарение на средствата добиени од ЕУ фондови. Пансионот „Преспав“ е метафора на реалните општествени случувања во Република Македонија, во кои се прекршува балканскиот менталитет, од кој ликовите не можат да избегаат, и желбата да се почитуваат и да се воспостават европските стандарди. Ваквата ситуација ги става ликовите во постојан конфликт и недоразбирање од кои произлегуваат комични ситуации во кои ќе можат да се препознаат и самите гледачи.Секоја епизода има нова тема, нов проблем, нов конфликт, нова разрешница и многу доживувања и смеа.
Продуцент на серијата е Пеце Талески, режијата е на Игор Иванов. Режисери на епизоди се: Игор Иванов, Вардан Тозија, Елеонора Венинова и Даријан Пејовски. Сценаријата се : Елеонора Венинова, Сашо Кокаланов, Венко Андоновски и Димитар Банов. Директор на фотографија е Наум Доксевски, а монтажата е Сашко Потер Мицевски, Шенол Мехмед и Сандра Георгиева. Музиката е на Мите Димовски, студио Тралала. ТВ-серијата е во продукција на ОХО, а се реализира со поддршка на Европската Унија.
Нема коментари