Тениската ѕвезда Серена Вилијамс се најде на насловната страница на априлскиот број на американски Vogue, промовирајќи различност и стил ослободен од клишето на познатото модно списание. Насловните на Vogue US вообичаено резервирани за познати личности од музиката и филмот, повремено и за супермодели, според уредничкото водство на Ана Винтур сега ѝ припадна на Серена што малку изненади. Прво, се работи за спортист што не е чест избор за лице од насловната, второ, таа е Афро-американка, а ликовите со обоен тен ретко добиваа нас ловна на Vogue, ама најважно е што Серена е вистинска икона во својата област и промовира многу повеќе позитивни вредности од некои претходни личности што се нашле на првата страница. А мора да се признае, дека Серена изледа гламурозно на фотографијата на Ени Лејбовиц, иако има минималистички стајлинг и носи носи едноставен фустан од Rag&Bone.
Нема коментари