Летото полека се заокружува и во месецот септември започнува преодниот период од лето во есен, што во модна смисла значи премин од летната мода во потопла облека. Во септември сè уште ги носиме летните трендови, но веќе почнуваме да ги применуваме оние за наредната есенска сезона. Па комбинираме летни парчиња со мантили, тексасни и други потопли јакни, зависно од времето правиме ротација на облеката со кратки и долги ракави, носиме долги панталони со трендовски крој и ги спојуваме со различни блузи и маици, сакаме да носиме разни видови на фустани, ги правиме првите есенски комбинации за во канцеларија и почнуваме да ги применуваме првите топли модни парчиња како што се џемперите и чизмичите до глужд. Еве идеи за септемвриски стајлинзи кои покриваат од кежуал до строго елегантен стил.
Нема коментари