Кретивниот директор на модната куќа „Сен Лоран“, Хеди Слиман, сними едиторијал за новата колекција за предесен 2014. На црно-белите фотографии новите креации ги презентира манекенката Грејс Хартцел. Во линијата, која ја најавува наредната есен, понудени се парчиња инспирирани од машкиот ормар, што е заштитен знак за овој бренд. Има женска верзија на машки кошули, палта, панталони, како и женски будни и фустани инспирирани од модата во 70-тите години.
Нема коментари