Еден месец по објавување на колоритната фотографија од Јирген Телер со австралиската манекенка Џулија Нобис, како најава за новата кампања на „Селин“, деновиве беа претставени и останатите кадри од рекламата за пролет-лето 2014. На Нобис друштво ѝ прави една од најагажираните манекенки оваа сезона, Дарија Вербова, како и Аманда Марфи и Бинкс Волтон. Фотографиите, со стајлинг на Камила Никерсон, а по кореографија на Стивен Галовеј, се енергетски, динамични и ја доловуваат свежината претстојната сезона. Тие поттикнуваат пролетно модно будење.
Нема коментари