Славниот продажен центар во центарот на Лондон, „Селфриџис“ е прогласен за најдобра стоковна куќа во светот. Ова е трета победа на „Селфриџис “ на изборот за најексклузивен простор, кој го прави Светското здружение на стоковни куќи. Годинава победниците беа прогласени вио Сунгапур. Критериуми за добивање на престижната титула се: голема и стабилна финансиска добивка, одлична соработка со купувачите и севкупниото шопинг-искуство во самата стоковна куќа.
Луксузната стоковна куќа „Селфриџис“ е отворена во 1909 година, брои четири куќи на четири локации а најекслузивната е на улицата Оксфорд .Стоковната ја отворил американскиот бизнисмен Гордон Селфриџ и ја сместил во најголемата зграда на тоа време која је била дизајнирана како продавница и ги спојувала шопингот и забавата. Сепак, во 90-те години на минатиот век се јавила потреба од нов визуелен идентитет со кој ланецот продавници „Селфриџис“ се етаблира како водечки малопродажен бизнис. Беше покренат проект вреден 160 милиони долари, со кој „Селфриџис“ доби нов, модерен имиџ врзбаза на традицијата долга 100 години. Тогаш беа промовирани и препознатливите жолти ќеси, кои ги привлекоа младите купувачи со подлабок џеб.
Нема коментари