Интимните моменти објавени на социјалните мрежи и нарцистичкото разголување во селфи фотографите е темата на новиот број на магазинот Interview, кој објави осум различни насловни страници со осум различни личности под #MEIssue. Мадона, Мајли Сајрус, Викторија Бекам, Џенифер Лопез, Селена Гомез, Мерт Алас, но и ликови како Ким Кардашијан и Зејн Малик добија задача да направат селфи – ултимативен автопортрет кој покажува како тие самите се гледаат и како сакаат другите да ги перципираат. Сите знаеме за моќта на социјалните мрежи и култот на селфи фотките кој само го зајакнува нивото на нарцизмот кај една личност, што понекогаш може да изгледа претерано и сосема непотребно. Но од друга страна, проектот многу потсетува на Енди Ворхол, поп арт уметникот кој всушност го основа магазинот и кој самиот правише по 50 селфи фтоки со Полароид апарат. Уредниците на Interview велат – Да беше Енди жив, постојано ќе правеше селфи!
Нема коментари