Славните дами постојано ги гледаме во модни комбинации кои се дел од скапите дизајнерски колекции, но често посегнуваат по облека од хајстрит брендовите кои се со достапни цени и го доближуваат својот стил до побројна публика. Пример е Селена Гомез која за еден неодамнешен настан избра розов комплет од твид од колекцијата за пролет-лето 2022 на Манго – фустан со изрези на страните кои реферираа на актулените трендови и го дополнила со кратко палто. Во оваа розова комбинацијата изгледаше дамски и нѐ потсети на стилот на Џеки Кенеди.
Нема коментари