Лондонскиот бренд „Барбери“ го претставува новиот машки парфем Mr. Burberry со промотивна видеореклама режирана од оскаровецот Стив Меквин, кој заедно со моделите – актерот и музичар Џош Вајтхаус и актерката/манекенка Амбер Андерсон, сними провокативен спот што раскажува приказна за еден сексапилен викенд…
-Сакав да ја пренесам идејата за двајца кои се страсно вљубени и поминуваат секси викенд заедно. Зборува за моментот кога мислите еден за друг, и сè што сакате е да бидете заедно. Зборува за страста и сексот – објаснува Меквин.
Нема коментари