Руменилото, пудрата и тушот за очи се трите производи што жената најмногу ги употребува, но и производи што најчесто погрешно ги нанесува. Кога е руменилото во прашање, некои жени понекогаш воопшто не го користат, а кога го користат често претеруваат со неговата количина или едноставно го нанесуваат на погрешен дел од лицето, што резултира со комичен, а не секси ефект.
Многу е важно да сфатите дека руменилото е еден од најклучните производи за шминкање, допринесува за дефинирање на лицето, па оттаму треба да ја изберете вистинската боја, текстура и доколку досега не сте извежбале, да научите како да го нанесете. Еве неколку општи правила, а еден од првите чекори е да констатирате дали имате овално, кружно, срцевидно или коцкесто лице.
Следете го природното црвенило на лицето
Руменилото не служи само за бесцелно шарање на лицето, туку треба да го следи природното црвенило на лицето, да го нагласи и да создаде здрав сјај на кожата. На ова правило придржувај те се и во однос на нанесувањето и во однос на изборот на нијанса.
Ускладете ги тоновите што ви одговараат
Руменилото не треба да го купите затоа што ви се допаѓа бојата или затоа што добро и стои на вашата другарка, туку почитувајте го сопствениот тен. Розовите тонови одговараат на оние со посветол тен, боја на праска на маслинест тен, додека оние со потемен тен нека изберат црвено-портокалови нијанси на руменило.
Купете квалитетна четка
Доколку секој ден користите руменило треба да набавите добра четка – голема, мека и накосена. Четките што доаѓаат во комплет со руменилото најчесто се мали и комплетно некорисни.
Пред руменилото направете добра подгога
Не го нанесувајте руменилото на „голо“ лице. Потребно е прво да нанесете подлога (хидрантен крем, течна и камена пудра), така руменилото полесно се нанесува, изгледа попривлечно и има подолготрајно дејство.
Почитувајте го обликот на своето лице
Секој облик на лице, овално, коцкесто, срцевидно или кружно, има свои правила за нанесување на руменило. Следниве илустрации секако ќе ви помогнат да го одредите местото на лицето каде треба да го нанесете руменилото.
Нема коментари