Атрактивната пејачка Никол Шерцингер ја престави својата нова колекција за есен-зима 2014, дизајнирана под брендот Missguided. Креациите , како и во претходната линија на некогашната членка на „Пусикет долс“, е секси, со провокативни фустани, молив здолништа и куси маици. Парчињата се во црна, црвена и бела боја и се со отвори од страните. Интересно е што креациите се продаваат по цена под 50 долари. Шерцингер се појавува и како модел во промотивната фотосесија за линијата.
Нема коментари