Women’secret ветува незаборавно лето со колекцијата костими за капење за сезона 2016. Костимите кои следат различни, актуелни трендови се вистинска инспирација за уживање под сонцето.
Дел од колекциите за лето 2016 беа претставени денеска на дружење со медиумите во продавницата на брендот во Скопје, а впечаток оставија костимите во тропски шари и во јаки бои, како и црно-белите, морнарските и моделите за трудници. Во Women’secret ќе најдете и облека за плажа, кафтани, сламени торби, апостолки, сандали, крпи и други летни додатоци.
Бохо – седумдесетите се среќаваат со сегашноста
Колекција инспирирана од 70-тите, специфични принтови, реси, нитни и карнери. Одлични за девојките со боемски дух да ја истакнат својата женственост во најжешкиот период од годината.
Природна софистицираност
Еднобојни парчиња украсени со метални апликации. Минимализам во комбинација со впечатливи дезени, луксузни материјали и повеќенаменски парчиња дизајнирани за софистицирани жени.
Јамајка – изгубениот рај
Реинтерпретиран морнарски стил, костими со една прерамка и хитот за ова лето – плетени елементи во повеќе различни форми. Колекција која изобилува со интересни комбинации на дезени, како на пример риги со цветови и иновативни детали. Создадена за најмодерните девојки на плажата.
Тропски патувања
Бразилска инспирација со тропски мотиви кои асоцираат на патувања во Сао Паоло или Рио де Женеиро. Неодоливи модели на костими за капење, храбри принтови и многу украсни детали.
Африканска енергија
Океан, бранови, сурфање и релаксација. Африкански принтови во комбинација со солена вода….Колекција полна со инспирација од Африка и неочекувани комбинации: тиркизна и сина во контраст со црна боја, интересни текстури и модели со спортска нишка.
Соработка до Јасна Лековска – Trinity
Како и минатата, така и оваа сезона Jaсна Лековска од Trinity останува пријателка на women’secret. Како „it” девојка – млада, активна, динамична и секси, таа секојдневно го промовира брендот со својот имиџ, а учествува и во неколку заеднички проекти.
Нема коментари