Пред точно четири години тажна вест го потресе светот – два дена по неговиот 69-ти роденден, по обавувањето на новиот албум Blackstar и на новиот спот за Lazarus, почина Дејви Боуви. Легендарниот музичар во последните 18 месеци од својот живот се бореше со карцином, интимно и во кругот на семејството, без да ја информира јавноста, подотвувајќи го новиот албум како креативно збогување со фановите. Спотот и текстот за Lazarus сe толку прогонивачки, со очигледно претчувство на неговата смрт. Тоа го потврди неговиот продуцент кој вели дека последниот албум е „ внимателно планирано финале, последна порака и подарок за разделба на обожавателите“.
Зиги Стардаст, белиот војвода, кралот на глам-рокот, човекот кој падна на Земјата, Starmen, авангарден вселенски самурај, музички и моден камелеон, Боуви остави силен печат во музиката и во целокупната популарна култура на нашето време. Бестрашен и смел во моден контекст, екстравагантен до бескрај и секогаш уникатен, да се потсетиме на големиот артист како модна икона. Дејвид Боуви со својата работа и појава несомнено ги надмина границите на музиката, уметноста и модата.
Нема коментари