Шеесетгодишната манекенка Гилијан Меклауд ги промовира новите костими за капење на шведскиот бренд H&M. Таа неодамна ја сними новата кампања, каде што изгледа одлично во новите модели за пливање. Иако манекените обично ја почнуваат својата кариера во тинејџерските години, Гилијан се занимава со оваа професија од неодамна, од своите 50-ти години. Претходно 24 години работела како стилист. Тајната на нејзиниот добар изглед се пилатесот, како и пливањето и планинарењето.
Нема коментари