Веднаш по завршување на ревијата на H&M на 1 март, за време на Париската модна недела, ќе може да се купи новата колекција. Шведскиот high street бренд се придружи на трендот на See Now, Buy Now (Погледни сега, купи сега) во кој повеќето модни куќи кои по премиерното претставување ги нудат новите креации на продажба. Освен колекцијата жени, која ќе биде преставена на ревијата, ќе може да се купат и новите модели од линиите за мажи и за деца, на hm.com, а ќе бидат понудени и во продажните салони на брендот.
-Носењето на модата право од пистите во продавниците означува нова ера во модната индустрија. Се радуваме што го пробуваме овој нов формат. Сакавме да го споделиме овој момент со своите клиенти, и затоа одлучивме да го пуштиме преносот од ревијата на нашата интернет страница. Се надеваме дека ќе уживате во тоа и дека ќе најдете инспирација како да го искажете својот личен стил-изјави главната дизајнерка и креативна директорка на H&M, Пернила Волфарт.
Нема коментари