Карнерите, балонестите кроеви и везовите се трендови од минатата година кои ќе добијат софистицирано продолжение и следната сезона. Во колекците на модните брендови за пролет-лето 2017 како „Зара“, „Манго“, H&M и други, доминираат кошулите со некласични форми, со ѕвонести ракави, карнери на рамената, викторијалнска или руска јака, како и честите принтови и везови со кои се разиграни едноличните модели.
Покрај белите кошули, кои се базично парче во деловниот изгледот, оваа година има интересен избор од светлосини, розови, темносини и црни парчиња. Доколку сакате да го освежите пролетниот изглед со кошула со нов крој, ви претставуваме седум типа во кои вреди да се инвестира оваа година. Ќе ги носите не само оваа пролет, туку ќе најдат примена и во летниот, есенскиот и зимскиот аутфит.
1. Ракави со карнери
2. Балонести ракави
3. Долги ѕвонести ракави
4. Викторијански модел
5.Со преклоп
6.Карнери кај рамената
7. Со принт или везени додатоци
Нема коментари