Сметаме дека секоја фигура е убава и секој изглед може поволно да се претстави ако добро ги знаете своите карактеристики и пропорции. Доколку сметате дека, на пример ниската фигура, ве органичува во облекувањето, грешите! Секоја градба може да се прилагоди на актуелните трендови. Сега ќе се фокусираме на девојките и жените со нисок раст, кои со неколку стилски трикови и едноставни правила, ќе изгедаат што е можно поимпресивно.
КРЕИРАЊЕ НА V-ИЗРЕЗ
Еден од најлесните трикови за ситните девојки е да се одлучат за носат облека со V-изрез. Со овој моден трик ќе го „истегнете“ торзото и ќе да го издолжите вратот – што значи визуелно ќе додадете неколку, толку многу посакувани, сантиметри на вашата висина. Носете плетени џемпери, блузи и фустани со вакво деколте.
НЕ ГИ ПОТЦЕНУВАЈТЕ ВЕРТИКАЛНИТЕ ЛИНИИ
Тезата за ефектот на „развлекување“ на фигурата со облека со вертикални линии е многу стара. И функционира. Надолжните ленти навистина имаат тенденција визуелно да ја стеснат и издолжат фигурата – што значи ќе изгледате потенки и повисоки. Бирајте кошули, костими или панталони со линии.
ВНИМАТЕЛНО СО ПРЕДИМЕНЗИОНИРАНАТА ОБЛЕКА
Тренд е предимензионираната облека, но внимавајте со ваквите кроеви и дозирањето на широка облека. Премногу волуменозната облека визуелно ќе ве пополни и ќе ви ја „намали“ висината. А тоа не сакате да го постигнете. Ако сакате да го следите трендот бирајте само едно широко парче и балансирајте го со потесна облека. На пример, широка кошула и потесни панталони, или широк капут со хеланки и потесна блуза одоздола. Треба да постигнете хармоничен изглед и да го избегнете ефектот на гломазност и намалена висина.
ЕДНА БОЈА
Монохроматската комбинација може да стане вашиот омилен тренд. Облекуваљето во една боја визуелно го издолжува телото и додава неколку сантиметри. Меѓудругото, комбинациите во една боја се голем тренд.
ШИРОКИ ПАНТАЛОНИ + ВИСОКИ ПОТПЕТИЦИ
Уште еден актуелен тренд кој им оди во прилот на ниските жени – широки панталони со висока половина. Ако ги комбинирате со високи потпетици, ќе направи да изгледате како да имате многу долги нозе и со тоа ќе ја издолжите и целата фигура.
КОЛКУ ПОМАЛИ ДОДАТОЦИ, ТОЛКУ ПОДОБРО
Лесно ќе се „изгубите“ доколку носите голема чанта. Па затоа избегнувајте ја. Бирајте помали модели на чанти, но внимавајте и на другите модни додатоци, како широки шапки, дебели шалови, екстра гломазни чизми…
ЗДОЛНИШТА СО А-ЛИНИЈА
Уште една успешна силуета за ниските девојки е трапезоидната. Здолништето со А-линија ќе го нагласи струкот и визулено ќе ги издолжи нозете и со тоа целата фигура. Бирајте здолништа со миди должина за поелегантен изглед.
Нема коментари