Бебешка, кармин, пудра, магента , неонска и кремаста се само дел од нијансите на розова што оваа зима доминираа во уличната мода и во колекциите на брендовите за секојдневна мода. Се носеа розови капути, чизми, џемпери и други плетени парчиња. Овој тренд ќепродолжи во пролетните линии. Дури и најскептичните и најцинични љубителки на модата се изненадија колку лесно и добро се вклопува розовата во повеќе стилови и за различни ситуации и прилики во текот на денот на една современа жена. Надминат е стереотиот дека тоа е боја за девојчиња, сонувачки и несериозни жени, како и дами што негуваат треш изглед. Напротив, најде широка примена во деловниот имиџ, преку кошулите, чантите и костумите во смирени розови тонови, а го носат и девојки што сакаат поандерграунд комбинации. Тие носат џемпери, блузони и јакни во розова боја во спој со фармерки, кожени панталони или хеланки. И во спортските комбинации најде широка примена, доста се актуелни тренерките и патиките во нежнорозова боја. Доколку сакате да го освежите својот пролетен имиџ, ви предлагаме да инвестирате во седум нови розови парчиња. На листата се чанти, бомбер јакни, кошула, плисе здолниште, блузон, патики и костум.
Инвестиција бр1. Розова чанта
Инвестиција бр2. Бомбер јакна
Инвестиција бр3. Кошула
Инвестиција бр4. Плисе здолниште
Инвестиција бр5. Блузон или плетена блуза
Инвестиција бр6. Патики
Инвестиција бр7. Костум
Нема коментари