Сакоата со каро се модна класика која повремено добива нови облици и кроеви, последниве неколку сезони популарни се предимензионираните модели. Ќе ги носиме и пролетва, а залет за овосезонската мода фаќаме со следниве седум комбинации. Забележуваме стајлизни со фармерки, со широки панталони, сако во комплет со панталони со исто каро, но и со карирана шара во друга боја, со фустан или памучна маица под сакото, со патики или рамни чевли.
Нема коментари