Новоотворените канцеларии на компјутерскиот гигант не случајно имаат на атмосфера на гаража. Амстердамското архитектонско биро D/DOCK, кое го потпишува дизајнот, проекцијата и изведбата на холандското седиште на „Гугл“, на тој начин им оддадоа почит на Лари Пејџ и Сергеј Брин, кои токму во гаража ја започнале приказната за најпознатиот интернет пребарувач во светот.
Просторот е исполнет со необични елемнти како графити на ѕидовите и светилки изработени од картони, што асоцира на 70-тите години. Користени се природни и неотровни материјали и живи бои, сè со цел да се понуди инспиративна атмосфера која поттикнува продуктивна работа. Имплементирани се повеќе елементи карактеристични за државата, како на пример цвеќиња, ѕидови од украсни цигли кои потсетуваат на амстердамските куќи и рецепционерска маса од која „излегуваат“ тркала од велосипед. Канцеларискиот простор е оптимално искористен без да се наруши удобноста на вработените.
Ако на ова ги додадеме и следениве елементи – работните бироа се поставени блиску до прозорите со секој од вработените има панорама од 180 степени на градот, динамичен простор за работа, но и за забава, самоодржливост како главен фактор при дизајнирањето на просториите, грижа за исхраната на вработените преку поставување тезги со свежа огранска храна – кој не би сакал да работи во вакви канцеларии?!
Нема коментари